🎥 „МИСЛАМ ДЕКА Е РАКА…“ Новинар известувал за исчезнување на девојче, нагазил врз телото на детето

Новинарот Ленилдо Фразао ја покривал приказната од реката Меарим во Бакабал, североисточен Бразил, каде што девојчето Раиса последен пат било видено. Тоа исчезнало откако заминало на капење со пријатели.

957

Шокантен момент бил снимен со камера кога бразилски новинар случајно го открил телото на исчезнато 13-годишно девојче додека известувал во живо од местото на нејзиното исчезнување, објави Индија тудеј.

Новинарот Ленилдо Фразао ја покривал приказната од реката Меарим во Бакабал, североисточен Бразил, каде што девојчето Раиса последен пат било видено. Тоа исчезнало откако заминало на капење со пријатели.






Додека стоел во реката до половина и ги опишувал условите во областа, новинарот одеднаш скокнал и рекол дека почувствувал нешто како го допира под водата.

Моментот, кој бил снимен со камера, го прикажува новинарот како е очигледно вознемирен. Потоа бргу се повлекол кон поплитко и им рекол на колегите:

– Мислам дека има нешто тука долу, на дното на водата.

Опишал дека можеби станува збор за „рака“, иако не бил сигурен и се прашувал дали можеби било само риба.

По неговото известување, пожарникари и нуркачи ја продолжиле потрагата и го пронашле телото на тинејџерката токму на местото каде што стоел новинарот.

На телото не биле пронајдени траги на насилство, а обдукцијата потврдила дека девојчето починало од несреќно давење. Било погребано истиот ден кога било пронајдено нејзиното тело.

Поврзани содржини