МИСИЦАТА Е ВО ВРСКА СО 18 ГОДИНИ ПОМЛАДО МОМЧЕ Нејзината ќерка вели дека тој е лош и дека ја изневерува (ФОТО)
Се огласила ќерката на мисицата, Алабама Луела Баркер (16) и споделила со јавноста што навистина мисли за не толку идиличната врска на нејзината мајка со младиот дечко.
Шана Моаклер (46), поранешна мис на САД и поранешна сопруга на тапанарот Тревис Баркер (46), во моментот е во бурна врска со 18 години помладиот Метју Рондо (28). Иако новиот пар се обидува да ѝ покаже на јавноста дека „цветаат рози“ во нивната врска, ќерката на поранешната мис го тврди спротивното.
Имено, по бројните испади на љубомора и изјавите на Моаклер за новата свршувачка на Тревис и ријалити ѕвезда Кортни Кардашијан (42), кои тешко ѝ паднале, се огласила ќерката Алабама Луела Баркер (16) и споделила со јавноста што навистина мисли за не толку идиличната врска на нејзината мајка со младиот дечко.
View this post on Instagram
– Тој е лош човек поради кој мајка ми постојано плаче. Не само што се однесува ужасно со неа, туку и ја изневерува – рекла Алабама.
– Мајка ми никогаш не беше целосно вклучена во мојот живот. Ве молам, престанете да ја претставувате како прекрасна мајка. Дали вашите мајки сакаа да ве видат на „Денот на мајката“? Мене мојата не сакаше. Доста ми е од криење, вистината е јасна. Велите дека треба да покажам почит кон личноста која ми дала живот. Но, жената која ми дала живот не е во мојот живот. Поминаа седум месеци откако ја видов и не ми се јавила ниту еднаш за тоа време. Ако и понатаму сакате да ја поддржите, тогаш поддржете ја, повелете, не ми е гајле – додаде ќерката на познатиот тапанар.
View this post on Instagram
Мисицата и тапанарот Тревис се разведоа во 2006 година бидејќи Тревис ја обвини Шана дека го изневерува додека таа го тврдеше спротивното и изјави дека тој ја изневерува ни повеќе ни помалку со Ким Кардашијан (41). Иако поминаа 15 години од разводот, ова не ја спречи поранешната мисица јавно да ја навредува врската на Тревис и Кортни.
Но, она што е интересно е дека сите деца од Шана и Тревис се многу блиски со Кортни и тоа е она што најмногу боли.
– Моето семејство се распадна поради ова семејство, а сега моите деца се оддалечија од мене поради друга сестра – изјави таа за ТМЗ и ѝ порачала на Кортни Кардашијан.
„Ти благодарам што ми го уништи семејството.“
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм