📽️ СÈ ОДИ ПО ПЛАН, ОРИОН ЈА НАПУШТИ ОРБИТАТА Еве како да ја следите мисијата Артемис II во живо

Мисијата „Артемис 2“ успешно ја напушти Земјината орбита и се движи кон Месечината, додека моторот работел без грешка. Екипажот потврдува дека сè се одвива според планот и леталото веќе е на нова патека. На емитувањето во живо кратко имаше син екран, но потоа Орион пaк воспостави контакт.

1,044

Вселенското летало „Орион“ успешно ја напушти Земјината орбита и се упати кон Месечината. Мисијата „Артемис 2“ со четворица астронаути влезе во клучната фаза по успешно активирање на главниот мотор. Леталото трбеа да ја обиколи Месечината, а потоа да се врати на Земјата, како дел од напорите на НАСА да постави човек на земјиниот природен сателит до 2028 година.

Помина беспрекорно






Како помина одвојувањето на „Орион“ од ракетата? Леталото ги вклучи моторите за да добие погон.

– Согорувањето на моторот од пет минути и 55 секунди, познато како транслунарна инјекција, помина беспрекорно – изјави Лори Глејз од НАСА.

Астронаутот Џереми Хансен се јави од капсулата:

– Екипажот се чувствува доста добро овде горе на патот кон Месечината – рече тој.

Леталото сега е на кружна патека што ќе го однесе зад Месечината и назад кон Земјата.

Човештвото уште еднаш покажа за што е способно

– Човештвото уште еднаш покажа за што сме способни. Вашите надежи за иднината се тие што нè носат сега на ова патување околу Месечината – порача Хансен.

Ова е прв ваков лет надвор од Земјината орбита по 1972 година, додека снимките во живо покажуваат како Земјата постепено се намалува во далечината.

САД по 50 години сакаат да се вратат на Месечината.

Подалеку од кој било досега

Мисијата ќе го однесе екипажот повеќе од 7.600 километри зад Месечината, пред гравитацијата да ги врати назад. Во текот на десетдневната мисија астронаутите ќе сведочат и на целосно затемнување на Сонцето, додека се наоѓаат зад Месечината.

Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен полетаа од Флорида во историска мисија што треба да го отвори патот за идно слетување.

Пат кон враќање на Месечината

Мисијата „Артемис 2“ има за цел да подготви терен за слетување на Месечината во 2028 година.

Станува збор за прв лет со екипаж на новата ракета SLS, која треба да овозможи долгорочно присуство на луѓе на Месечината.

Оваа програма се гледа и како дел од вселенската трка со Кина, која планира да испрати луѓе на Месечината до 2030 година.

Поврзани содржини