„МИСИЈАТА НА ОН ВО УКРАИНА Е МНОГУ, МНОГУ ХИПОТЕТИЧКА“ Обединетите нации размислуваат дали да испратат мировници

Мислам дека можете да кажете дека е многу, многу хипотетички. Очигледно, бидејќи прашањето е на маса, размислуваме за тоа, рече заменик генералниот секретар на ОН задолжен за мировни операции, Жан-Пјер Лакроа.

132

Мисијата на Обединетите нации, во Украина, во оваа фаза е многу хипотетичка, изјави денеска заменик генералниот секретар на ОН задолжен за мировни операции, Жан-Пјер Лакроа.

– Мислам дека можете да кажете дека е многу, многу хипотетички. Очигледно, бидејќи прашањето е на маса, размислуваме за тоа – рече Лакроа.






Европа разговара за безбедносните гаранции што ќе ѝ ги даде на Украина во случај на прекин на непријателствата, вклучително и за распоредување копнени трупи.

Во Париз, в четврток, ќе се одржи нов состанок на лидерите на земјите од „коалицијата на подготвените“, во обид да обезбедат вакви безбедносни гаранции.

Руската делегација на преговорите за Украина, кои се одржуваат во саудиската престолнина Ријад, под покровителство на САД, зборуваше за улогата на Обединетите нации, без да даде детали.

Евентуалната мировна мисија на ОН во Украина мора прво да добие одобрение од Советот за безбедност на Обединетите нации, потсети Лакроа. И досега нема „никаков контакт“ во тој поглед, рече тој.

– Не ни е дадена никаква одговорност да ја планираме (оваа мисија) и навистина не гледам на која основа би можеле да го направиме тоа сега – нагласи тој.

РУСИЈА НА ЗЕЛЕНСКИ НЕ МУ ВЕРУВА НА ЗБОР Без гаранции, Црноморската иницијатива на Трамп ќе пропадне?

Поврзани содржини