МИШО КОВАЧ ЗАКАЧИ КОРОНА Пејачот завршил в болница
Пејачот пред неколку дена бил пренесена во болница. Добил кислородна поддршка и здравјето му се подобрило.
Пејачот Мишо Ковач е позитивен на коронавирусот, објави Слободна Далмација. Освен Мишо, позитивни на вирусот се и неговата сопруга Лидија и неговата ќерка Ивана.
Пејачот пред неколку дена бил пренесен во болница. Добил кислородна поддршка и здравјето му се подобрило. Слободна Далмација од извори блиски на пејачот дознава дека Мишо денеска е пуштен на домашна нега.
Инаку, Мишо Ковач неодамна беше хоспитализиран на Одделот за пулмологија на Клиничкиот болнички центар Сплит, а лекарите се сомневале на пневмонија. На крајот се испоставило дека нема пневмонија, па музичарот по антибиотска терапија бил пуштен дома.