МИШЕЛ СО ВЕТУВАЧКА НАЈАВА ОД БЛЕД ЕУ мора да биде подготвена за ново проширување до 2030 година
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, предлага да се воведе „confidence clause“ за земји што влегле да не блокираат земји кои сакаат да влезат.
Европската унија мора да биде подготвена за ново проширување до 2030 година, порача претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, попладнево од Бледскиот стратешки форум, јави известувачот на МИА од Словенија.
Ова, според Мишел, треба да биде еден од главните предизвици на Унијата. Следното проширување, вели тој, треба да се предвиди во новиот буџет на Европската комисија.
Мишел предлага да се воведе „confidence clause“ за земји што влегле да не блокираат земји кои сакаат да влезат.
Земјите аспиранти, според Мишел, треба да го почитуваат владеењето на правото, да се борат против корупцијата и криминалот и да ги спроведат реформите.
На панелот учествуваат премиерите од Западен Балкан (Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово), како и премиерите на Хрватска и на Бугарија.