Мишел побара веднаш да се ослободи Навални

Вечерва Навални е уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва , а во притвор ќе остане најмалку до 29 јануари за кога е закажано сослушување пред судот.

470

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел вечерва упати порака до руските власти за итно ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој беше уапсен по пристигнувањето во Москва од Берлин.

– Притворањето на Алексеј Навални по пристигнувањето во Москва е неприфатливо. Ги повикувам руските власти веднаш да го ослободат – порача Мишел во пораката на „Твитер“.






Вечерва Навални е уапсен на аеродромот Шереметјево во Москва , а во притвор ќе остане најмалку до 29 јануари за кога е закажано сослушување пред судот.

Барања за санкции кон Русија поради апсењето на Навални упатија и балтичките земји Летонија, Литванија и Естонија, членки на ЕУ.

Поврзани содржини