Мишел Обама: Страдам од депресија поради карантинот, се будам среде ноќ со тежина
Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, рече дека страда од депресија со низок степен поради пандемијата, расната неправда и хипокризијата на администрацијата на Доналд Трамп.
Таа вели дека справувањето со емотивните кревања и падови бара да се познавате себеси и нештата што ви носат радост.
Мишел имала потешкотии со нејзиниот сон и со рутината за вежбање.
– Се будам среде ноќ зашто сум загрижена за нешто или чувствувам тежина. Ова не се времиња исполнети со духовност. Знам дека се справувам со некаква форма на депресија од низок степен. Не само поради карантинот, туку и поради расните кавги и гледајќи ја оваа власт, нејзината лицемерност, секој ден одново, тоа е очајно – рече таа во интервју.
Таа додава дека е исцрпувачко да се разбуди со уште една приказна за црно лице кое на некој начин е дехуманизирано или повредено или убиено или погрешно обвинето за нешто.
– И тоа доведе до тежина каква што не сум почувствувала одамна во мојот живот – додаде Мишел.
Како и да е, додала Мишел, клучна е организацијата да се управуваат тие чувства, а одржувањето на рутината за време на пандемијата за неа сега е уште поважно.