Една од најубавите жени во светот, актерката Мишел Фајфер и нејзиниот сопруг, сценаристот Дејвид Е. Кели, прославија 27 години брак.
Актерката сподели со сите дека овој пат ќе остане дома поради коронавирусот, но дека порано секогаш излегувале и ја прославувале годишнината од бракот.
Нивната врска почнала многу невообичаено, со оглед на тоа што нивните пријатели им договориле состанок за слепо, но првиот состанок на стартот пропаднал. Сепак, Дејвид не се откажал, па наскоро по еден обид да се запознаат, имале и друг кој по 27 години докажа дека и требало да се случи.
Помалку од една година откако ја започнаа романсата, парот стапи во брак, посвои ќерка и наскоро го добија заедно нивното прво дете, синот Џон Хенри.
Фајфер е мајка на две деца – ќерката Клаудија Роуз на возраст од 27 години и синот Џон Хенри, кој има 26 години.
Мишел Фајфер во четвртокот објавила прекрасна фотографија од времето кога била млада мајка.
Холивудската ѕвезда, која сега има 62 години, на фотографијата е облечена во бела кошула, а нејзиното новороденче е потпрено на градите.
„Блажена исцрпеност“, напишала таа во описот на објавата и го додала хаштагот враќање во минатото.
Фајфер неодамна го претстави првиот трејлер за својот следен филм.
View this post on Instagram