МИШЕЛ ЈА СООПШТИ ОДЛУКАТА НА ЕУ Пристапни преговори со Украина и со Молдавија

Советот на ЕУ решил и да и додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака за старт на преговорите. 

751

Лидерите на земјите членки на ЕУ донесоа одлука за старт на преговори за членство со Украина и Молдавија, објави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на платформата Икс.

– Европскиот совет одлучи да отвори пристапни преговори со Украина и Молдавиј – наведе Мишел.






Според него, Советот на ЕУ решил и да и додели статус на земја кандидат за членство на Грузија, додека во однос на БиХ останува условената препорака за старт на преговорите.

– ЕУ ќе ги отвори преговорите со Босна и Херцеговина, откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата да поднесе извештај до март со цел да се донесе таква одлука  – додаде Мишел во објавата.

Според него, ваквите одлуки се јасен сигнал за надеж за народите на овие земји и за европскиот континент.

Поврзани содржини