Мисајловски: Заев јаде со златни лажици, а Македонија тоне во корупција

Подобро се живее и подобро се справуваат со корупцијата во Косово, во Албанија, во Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија и ред други држави. Белорусија е на 63 -тото место. За четири години власта на мафијашки начин ја претвори Македонија во легло на корупција и криминал, вели Мисајловски.

205

Корупцијата, криминалот и недемократскиот режим повеќе не може да се кријат. Македонија има најголем пад и е на историски најдолното место на најновата листа на меѓународниот Транспаренси Интернешенал или Македонија во 2020 има рекордно регистрирано ниво на корупција во историјата, вели Владо Мисајловски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

– На листата на Транспаренси Интернешенал, Македонија е на 111 место, најлошо до сега, убедливо најлошо. Ова е пад од цели 45 места за Македонија на листата во годините водена од Заев. Подобро се живее и подобро се справуваат со корупцијата во Косово, во Албанија, во Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Брегот на Слонова Коска, Гамбија и ред други држави. Белорусија е на 63 -тото место. За четири години власта на мафијашки начин ја претвори Македонија во легло на корупција и криминал. Заев јаде со златни лажици, граѓаните се се посиромашни, Македонија тоне во корупција. Ова е резултат на четири години апсолутистичка власт, и на централно и на локална ниво, и со судство и обвинителство во скутот. Никој друг не е одговорен за ова пропаѓање на системот освен Зоран Заев и кликата околу него – вели Мисајловски. 






Македонија, додаде тој, не го живее животот прикажан од владата, а платен со народни пари низ рекламите и притисокот врз медиумите.

– Ова е вистинскиот резултат на Љупчо Николовски, министерот кој што вработува роднини во администрација, ова е резултат на ДКСК и нивните полни фиоки со предмети, ова е резултат на молкот на ЈО за нерешени кривични пријави и молк пред допрен глас за криминалите на власта. Ова оди на сметка на сите овие поданици на Зоран Заев!

За ова мора да се сноси одговорност. Замислите, најкриминалната власт има и министер за борба против корупција. И не е доволно негова оставка или само оставка на министерот за правда. Владата МОРА да падне! Целата влада мора да си поднесе оставка!

Ова е полошо од мафија, ова е тонење по сите параметри, ова се докази за антиевропски и за антизападни вредности, раст на криминалот и корупцијата! Се распродава идентитетот, ја распродава европската иднина, мафијата ја зазема секоја педа од државата и општеството, криминалот и корупцијата цветаат се повеќе! – порача пратеникот Мисајловски.

Поврзани содржини