Мисајловски: Во ваква една тешка ситуација, преставува лудост да се зборува за избори

362

Несериозно е,  и преставува целосна отсутност од реалноста да се говори за некакви тригодишни постигнувања, кога денес Македонија го живее црниот понеделник, што значи огромна бројка на ново заразени луѓе со ковид-19, и луѓе кои ги загубија своите животи, реагираше на прес конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

– Во ваква една тешка ситуација, преставува лудост да се зборува за избори, и колку и Заев да вели дека имаме нормалност, имаме фатална ненормалност во општеството. Во податоците кои ги спомена на прес конференцијата не верува ниту Зоран Заев, и тие се толку нереални колку што е и нереален податокот напишан во нивниот флаер дека ја „победиле“ короната. Работата е што Заев не само што е главен фактор за кризата поради неспособноста на неговата влада да ја менаџира, туку тој со неговите изборни активности станува и извор на кризата со корона. На човекот пола партија му е во изолација, а тој говори за предизборни активности – рече Мисајловски.






Тој додаде дека за достигнувањата Заев заборавил да ги каже главните достигнувања.

– Добиваме 3 години по ред хибриден режим, држава со најголема стапка на криминал и корупција. Неправда како основен постулат на функционирање на државата и владата. Достигнувањата се Рекетот кој го правеа функционери од неговата партија. Рекетот станува заштитен знак на Зоран Заев и нивната свита на власт. Дури таквиот рекет доби и неколку продолженија, рекет 1, рекет 2 итн. Тука се и лиценците за марихуана, ископите во РЕК, фондот за иновации и поделените средства на луѓе блиски до Заев и СДСМ. Да не го заборавиме Ден Дончев и документите за перење пари, уценетите бизнисмени и ред други нивни славни достигнувања – рече потпретседателот на вМРО-ДПМНЕ.

Според него, трета година по ред Македонија нема одредено датум за преговори, но името е сменето. Идентитетот е начнат, а Заев овозможи и виткање на кичмата. Македонија се соочи со уште една објективна пречка, а тоа е заканата за блокада од источниот сосед, што значи на маса Заев ја постави историјата, Гоце Делчев и јазикот.

 

 

Поврзани содржини