Мисајловски: Власта наместо за здравството парите ги даде за корумпираното СЈО

501

На овој ден требаше да има избори и сите знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ на овој ден ќе победеше и ќе ја формираше новата влада во Република Македонија. Но кога и да има избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, бидејќи народот е со ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе препознае кој најдобро знае да ја води економијата и државата, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во овие моменти кога се соочуваме со огромна криза, власта нема слух за многу работи. Постојано велиме дека веднаш треба да се најдат средства како да им се помогне на малите и средни претпријатија. Но власта реши наместо веднаш да најде пари за стопанството, како да ги даде новите плати на СЈО односно нови бонуси на корумпираното СЈО. Наместо веднаш да распише јавни набавки за медицинскиот персонал како да им се помогне со опрема тие решија како да направат нови постапки за нови привремени вработувања за своите партиски сопартијци. Затоа апелираме, не е време за вакви партиски препукувања но мора да престанете со сите овие погубни политики – вели Мисајловски.

 

 

Поврзани содржини