Мисајловски: Секаде во светот цената на нафтата паѓа, само во Македонија се зголемува, заради личен профит на поединци

Со ваквата одлука се ризикува ценовен шок и растење на цените на други производи поврзани со цената на чинење на нафтата. Ова не е одлука за помош на стопанството туку враќање на времињата на транзицијата

664

Секаде во светот бензините поевтинуваат, само во Македонија под власта на СДСМ поскапуваат. Одлуката за поскапување на акцизата на горивата е чист грабеж нa граѓаните, рече на прес конференција потпретседателот на вМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

– Ова е начин како владата на Заев ќе зема од парите на граѓаните за да ја покрива финансиската дупка која ја направи владата. Значи владата на Заев ќе се задолжува земајќи пари од граѓаните.






На светските берзи цената на нафтата падна скоро за 3 пати од почетокот на годината до денес. Имено на почетокот на годината нафтата се тргуваше за 60 долари за барел, а сега истата оди и по цена од 20 долари за барел. И додека светските цени вртоглаво паднаа во Македонија не само што не паѓа цената на горивата, туку истата и се покачува – рече Мисајловски.

Тој додаде дела влијателниот Њујорк Тајмс објави дека моментално на светската берза нафтата за јуни се тргува и по 22 долари за барел. Што значи дека на светско ниво цената на нафтата подолг период ќе остане ниска.

– Ниската цена на нафтата на светските берзи власта на СДСМ ја користи за овозможување на високи профити на поединци на штета на сиромашниот народ. Оштетени се сите домаќинства кои имаат возило или се греат на екстра лесно масло; фирмите, кои користат погонски горива и чија дејност е поврзана со транспортот; како и земјоделците кои во наредниот период треба да произведат храна за да ја прехранат нацијата – изјави Мисајловски.

Според него, владата ќе прибира пари од народот за да има пари за СЈО, за да има за времени вработувања на партиски кадри. Мисајловски рече дека ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и апелира да не се злоупотребува кризата за лукративни цели на власта.

Со ваквата одлука се ризикува ценовен шок и растење на цените на други производи поврзани со цената на чинење на нафтата. Ова не е одлука за помош на стопанството туку враќање на времињата на транзицијата.

 

 

Поврзани содржини
na