Се случија многу работи. Често пати ми велат кога има избори нешто лошо ти се случува. Но јас чувствувам обврска да терам позитивна кампања, да бидам позитивен, насмеан, да не направам криминал и корупција. Верувајте во мене верувајте во овие луѓе тука. Верувајте во Христијан Мицкоски, верувајте во коалиционите партнери. Овој пат вие сами одлучете, им порача носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 2, Владо Мисајловски на граѓаните на Ѓорче Петров.
– Пред некој ден гладам дека политичките противници изградиле клинички центар во Ѓорче Петров. Дали вие го видовте? Апсолутно не. Дали ги видовте оние 230 км автопати? Или 750 биле? Да не си поигруваат со нашата интелигенција. Размислете овој пат навистина. Претходните избори кажуваа дека не постои човек што ќе смени име. Не постои човек што ќе го смени нашето национално достоинство. После 15 јули нема промени, одберете сега. Дали сакате обнова со Христијан Мицкоски со сите нас или да продолжи Зоран Заев со она што го правеше овие три години. Вие честопати ќе слушнете колку тој сега ја сака Македонија колку неговите пријатели од власта. Но гледате и други партии излегуваат со националистички тврди ставови. Нема да ги коментираме нив – рече Мисајловски.
Тој нагласи дека се надева на разум кај сите партии и истакна дека сите што погрешиле ќе си одговараат. Правда мора да има за секој.
– Да победиме, да победи Република Македонија. Да победи Обновата. Да имаме 20 отсто зголемени пензии, да има поголеми плати, многу млади луѓе да се вработат. Тоа е Обновата, да шириме позитивна енергија. Јас чувствувам обврска кон секој од вас и по изборите ви ветувам ќе останам тука за вас – им порача Владо Мисајловски на гласачите од Ѓорче Петров.