Тргнавме со негативни анкети од сите страни, но со многу труд, работа и посветеност успеавме да победиме во изборната единица 2. Со целиот изборен фалсификат, енормниот поткуп од владејачката партија, незаконските асфалтирања во тек на кампања во сите населени места, градење на диво канализации и огромни заплашувања од целата листа на СДСМ на чело со премиерот на државата и сите репресивни органи и институции на власта, сепак успеавме да ги победиме, вели Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.
– Јас никогаш нема да го прифатам овој резултат затоа што не ја одликува реалноста и сме сведоци на најголемиот фалсификат во историјата. Но, за мене е важна поддршката од сите граѓани што ни ја дадоа и веруваа во нас и тоа е мојата водилка за борбата секогаш да ја продолжиме – вели Мисајловски.