Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 2 Владо Мисајловски денеска во Ѓорче Петров го повика градоначалникот на Општината да каже дали таму се гради Клинички центар.
– Со скапите реклами што ги најавуваат од СДСМ дека градат Клинички центар може да погледнете на оваа полјана дали нешто се гради и дали воопшто има Клинички центар. Ова е симболот на СДСМ за проекти. Ги повикувам градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски и Оливер Спасовски да им покажат на граѓаните дали овде се гради Клинички центар, дали има нешто започнато -нагласи Мисајловски.
Нека погледнат, граѓаните внимателно, вели тој, додека СДСМ размислува како да си поигрува со интелигенцијата на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на терен насекаде за да ги покаже сите симболи од проекти на СДСМ.
– Клиничкиот центар не постои, како што не постојат ниту 230 километри нови автопати, како што не постојат и тие 500 километри најавени автопати, како што не постојат инфраструктурни објекти во Ѓорче Петров и во целата изборна едница 2. Ова позади мене е пустош. Ова е нешто што три години го најавуваа дека ќе го започнат, а сега во изборната кампања велат дека го градат – вели Мисајловски.
Тој ги повика граѓаните внимателно да изберат овој пат, дали, како што посочи, сакаат обнова или проекти, или сакаат неспособност, лаги, пустош приредени од СДСМ.