Мисајловски: Имаме преку 300 починати за една недела, оставки веднаш!

Што треба да се случи во оваа земја за некој да чувствува одговорност? Преполни болници имаме, луѓе молат да најдат кревет, бараат помош за роднини и пријатели како да ги сместат, а вакцини нема. Вакцини сега стигнаа со помош, некоја минимална, што молиме по целиот свет, а гледаме што се случува хаос, рече Мисајловски.

167

Што треба во оваа земја да се случи за некој да понесе одговорност? За жал, вчера мислам дека имаше 51 починат. Изминатите денови слушаме бројки огромни, преку 300 луѓе починаа за една недела, вели  потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

– Што треба да се случи во оваа земја за некој да чувствува одговорност? Преполни болници имаме, луѓе молат да најдат кревет, луѓе бараат помош за роднини и пријатели како да ги сместат, а вакцини нема. Вакцини сега стигнаа со помош, некоја минимална, што молиме по целиот свет, а гледаме што се случува хаос – рече Мисајловски.






Тој посочи дека луѓето, за жал одат во Србија за вакцинирање бидејќи власта и министерот за здравство не се способни да обезбедат вакцини.

– А, ви текнува во минатото имаше вонредна ситуација да се справат со сите овие работи што требаше, навидум, да ги предвидат. Ништо не работат! Затоа треба сите да си понесат оставка веднаш – рече Мисајловски.

Тој додаде дека власта сака да покаже дека се е розово, а реалноста е дека граѓаните имаат се помалку пари да ги набават основните продукти чии цени растат од ден на ден.

– Не се само бензините што поскапуваат во Македонија, поскапуваат основните продукти, поскапува зејтинот, поскапуваат сите намирници за нормален живот. Дали треба да има одговорност во оваа влада, апсолутно дека треба да има одговорност. Тие фиктивно ја покачуваат просечната плата, а цените кога ќе отидете во било кој маркет тие постојано растат – вели Мисајловски.

Тој потенцира дека ниту 100 прес конференции на СДСМ нема да  го покријат фактот дека граѓаните живеат полошо и додаде дека поради тоа време е целата влада да си даде оставка.

– Дали имаме подобар живот е прашањето за жал, дали граѓаните се посреќни, дали имаат повеќе средства? Не. Тоа е само една фикција, со 100 преса СДСМ  и власта ќе прикажат дека има живот во Македонија, но за жал не е така. Тие се апсолутно неспособно на секое поле и треба да има оставки. Не само на поединци туку на цела влада – нагласи Мисајловски.

Поврзани содржини