Мисајловски: Ако по секоја цена сакаат да одат на избори и да бидат извор на пандемија, ние тоа нема да го дозволиме
Ние имаме нова реалност во Македонија, како што Заев ја нарекува нормална реалност, но за жал бројките покажуваат многу различно. Денеска имаме црн понеделник. На ваков ден да се зборува за избори и да се зборува да се тера кампања е несериозно, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски на новинарско прашање.
– Ние сме одговорна партија и ќе се грижиме за здравјето на граѓаните. Јас би сакал да прашам: Како знае Зоран Заев дека ќе заврши вонредната ситуација сега? Како знае дека ова ќе биде последно продолжување на вонредната состојба? Дали тие ја носат политички? Малку разум треба да се има, ако по секоја цел сакаат да одат на избори и да бидат извор на пандемија, тоа не го заслужиле граѓаните и ние нема да го дозволиме – рече тој.
На прашање дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите ако тие бидат на 5 јули, Мисајловски одговори:
– Како што знае и јавноста ние имавме канал за комуникација, но реалноста е сосема поинаква сега, кога половина партија на СДСМ е во изолација, јас им посакувам навистина добро здравје на сите и на нив и на нивните семејства, не е време за ваква работа. Не е време да нафрламе бројки кога ќе има избори или слично, сега е време сплотено, сите заедно во државава да се посветиме кон здравјето на граѓаните и ништо повеќе – рече Мисајловски.