МИС КОЛУМБИЈА ПОЧИНА НА 34 ГОДИНИ ОД РАК Нејзината последна објава го расплака светот

Актерката и поранешна мис Колумбија Алехандра Вилафање почина на 34-годишна возраст, а тажната вест ја потврди нејзиниот долгогодишен партнер, Раул Окампо.

698

Актерката и поранешна мис Колумбија Алехандра Вилафање почина на 34-годишна возраст, а тажната вест ја потврди нејзиниот долгогодишен партнер, Раул Окампо.

Алехандра се борела со карциномот, а во мај објавила дека започнува со лекување. Актерката тогаш заминала на хемотерапија и најавила дека ќе паузира и ќе се повлече од светот на глумата одредено време.

 







Во последното емотивно видео кое го објавила на „Инстаграм“, таа им се заблагодарила на семејството и пријателите кои биле со неа во најтешките моменти. Видеото на кое нејзиното момче ѝ помагало да ја избричи главата расплакало многу нејзини следбеници.

 


Откако ѝ биле откриени малигни тумори на дојката и јајниците, таа веднаш била подложена на третмани кои на почетокот биле успешни, но на крајот сепак морала да се врати во болница.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Raul Ocampo (@ocamporao)


По смртта на актерката, нејзиниот партнер Раул објавил низа заеднички фотографии со опис: „Сакам да знаеш. Засекогаш“.

Убавата Колумбијка глумела во бројни серии како „La Nieta Elegida“ и „Always a Witch“, а во 2014 година победила на натпреварот за „Мис Колумбија“.

Поврзани содржини