МИС БЕЛГИЈА ДОЖИВЕАЛА СТРАШНА СООБРАЌАЈКА Половина час ја извлекувале од смачканиот автомобил (ФОТО)
Во вторникот попладне на E17 кон Антверпен, Шајен со голема брзина се залетала во камион кој возел забавувајќи непосредно пред излезот Круибеке.
Според пишувањето на белгискиот дневен весник „Het Laatste Nieuws“, Шајен Ван Арл, минатогодишната Мис Белгија, во вторникот доживеала сообраќајна несреќа.
Во вторникот попладне на E17 кон Антверпен, Шајен со голема брзина се залетала во камион кој возел забавувајќи непосредно пред излезот Круибеке. Нејзиниот автомобил беше уништен, а Шајен остана заробена во него. Дури по повеќе од половина час итните служби успеале да ја ослободат.
View this post on Instagram
„Сè уште сум на интензивна нега и имам силни главоболки, но во целина сум добро. Чудо е што поминав толку добро“, рекла убавицата ден по несреќата, која има потрес на мозокот, неколку исеченици на лицето, набиени пршлени, набиени белите дробови и модринки.
„Многу плачев, бев во паника. Долго време мислев дека нема да преживее. Не ги знаеме точните околности на оваа страшна несреќа, но таа имаше голема среќа што преживеа. Се надевам дека ќе биде подобро наскоро“, изјавила организаторката на изборот за убавина Дарлин Девос.
View this post on Instagram
Изборот за Мис Белгија 2023 година ќе се одржи оваа сабота, а Шајен требаше да ѝ ја предаде круната на овогодинешната победничка.
„Таа требаше да пее во живо на отворањето на церемонијата. За среќа, снимивме музички спот кој наместо тоа ќе го емитуваме. Ќе биде заменето и шоуто со кандидатите планирано за средината на церемонијата. Таа беше нашата водителка зад сцената, но ќе побараме од жирито да ја замени“, додала Дарлин Девос.
Шајен се огласи од болницата на својот инстаграм-профил.
View this post on Instagram