МИС ЈАПОНИЈА КОЈА Е ПОТЕКЛО ОД УКРАИНА СЕ ОТКАЖА ОД ТИТУЛАТА Убавицата имала афера со оженет маж

Победничката на изборот за Мис Јапонија, родена во Украина, се откажала од круната откако таблоид ја открил нејзината афера со оженет маж.

1,167

Победничката на изборот за Мис Јапонија, родена во Украина, се откажала од круната откако таблоид ја открил нејзината афера со оженет маж.

Каролина Шино (26) беше крунисана за Мис Јапонија пред две недели, но оваа победа предизвика јавна дебата поради нејзиното потекло. Додека некои го фалеа крунисувањето на жена со странско потекло, други сметаа дека таа не ги претставува традиционалните јапонски идеали за убавина.






Среде „бурата“, локален магазин објави напис во кој детално ја опиша аферата на Шино. Во написот во магазинот „Shukan Bunshun“ се наведува дека Шино била во врска со оженет инфлуенсер и доктор. Тој не дал никаков јавен коментар.

Во својот прв одговор на веста минатата недела, организаторите на натпреварот застанале во одбрана на Шино, велејќи дека таа не знаела дека мажот е оженет. Меѓутоа, во понеделникот, организаторите изјавија дека таа признала дека знаела за бракот и семејството на тој маж.

Шино се извини што ја измамила јавноста, а организаторите го прифатија нејзиното откажување од титулата, соопшти здружението Мис Јапонија. Шино, исто така, им се извини на своите фанови и на пошироката јавност преку соопштение во понеделникот, велејќи дека дејствувала од страв и паника како одговор на написот.

„Навистина ми е жал поради големите проблемите што ги предизвикав и што ги предадов оние кои ме поддржуваа“, рекла Каролина.

Титулата Мис Јапонија сега ќе остане недоделена до крајот на годината, иако имаше неколку второпласирани на изборот.

Шино ја освои титулата на 22-ри јануари, станувајќи првата личност со европско потекло која ја добила оваа чест. Таа е родена во Украина пред да се пресели со нејзината мајка во Јапонија кога имала 5 години и да го земе јапонското презиме на нејзиниот очув.

Таа течно зборува и пишува јапонски и станала натурализирана државјанка во 2022 година. По освојувањето на титулата, Шино во својот говор рече: „Не бев прифатена како Јапонка многу пати, но исполнета сум со благодарност што денес ме препознаваат како Јапонка“.

Поврзани содржини