🎥 МИС ЈАМАЈКА ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Убавицата падна од бината додека дефилираше во вечерна облека

Организацијата „Мис Универзум“ се огласи со соопштение во кое наведоа дека претседателот Раул Роча Канту ја посетил Габриел Хенри во болница. Потврдено е дека е во стабилна состојба и има „неколку полесни повреди“. Таа е задржана на набљудување во болницата во Бангкок.

450

Претставничката на Јамајка, д-р Габриел Хенри, имаше драматичен пад од сцената за време на претселекцискиот дел со вечерни фустани на изборот за Мис Универзум во Тајланд.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот кога Хенри, облечена во долг, лелеав портокалов фустан, одеднаш исчезнува од работ на сцената.






На друга снимка може да се види како ја изнесуваат на носилки.

@mumx2025

Dios mío, oremos porque esté bien nuestra querida Miss Universe Jamaica #missuniverse #missuniversemexico2025 #missuniversejamaica2025

♬ sonido original – MUMX 2025 Fatima Bosch

 

Организацијата „Мис Универзум“ се огласи со соопштение во кое наведоа дека претседателот Раул Роча Канту ја посетил Хенри во болница. Потврдено е дека е во стабилна состојба и има „неколку полесни повреди“. Таа е задржана на набљудување во болницата во Бангкок.

– Бев со неа и со нејзиното семејство и, за среќа, нема скршени коски. Под добра лекарска грижа е – напиша Канту на Инстаграм.

Инцидентот се случи само два дена пред големото финале на 74. издание од изборот за Мис Универзум, закажано за петок, 21 ноември.

Поврзани содржини