МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ВИСАТ ВО ВОЗДУХ Зеленски најави можна промена на локацијата

Украинскиот претседател најави дека разговорите со Русија не се откажани, но поради безбедносната состојба можно е да се преместат од Абу Даби.

163

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека оваа недела треба да се одржат нови мировни преговори меѓу Украина и Русија, и покрај ескалацијата на Блискиот Исток по американските и израелските напади врз Иран.

Зеленски посочи дека Киев веќе разгледува алтернативна локација за разговорите, кои првично беа планирани за 5 и 6 март во Абу Даби.






Според него, поради безбедносната состојба, можно е преговорите да бидат преместени во Турција или Швајцарија.

– Поради моменталните непријателства, не можеме да потврдиме дека состанокот ќе се одржи во Абу Даби, но и покрај ова, никој не го откажал состанокот – изјави украинскиот претседател.

Засега нема официјална одлука за новата локација, но подготовките за средбата продолжуваат.

Поврзани содржини