МИРОВЕН СОВЕТ НА ЧЕЛО НА ГАЗА ПРЕД БОЖИЌ? Зетот на Трамп, Виткоф и Тони Блер се клучни во планот
Очекувањата се дека Трамп ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху до крајот на декември, каде ќе се дефинираат клучните чекори од новата иницијатива. Вториот дел од планот на Трамп предвидува формирање на Мировен совет во кој ќе учествуваат Стив Виткоф, Џаред Кушнер, Тони Блер и десетина западни и арапски лидери.
Американскиот претседател Доналд Трамп до крајот на декември ќе го објави почетокот на втората фаза од мировниот план за Газа, потег што предвидува повлекување на израелските трупи, распоредување на меѓународни сили и формирање на „Мировен совет“ кој ќе ја управува енклавата.
Според порталот Аксиос, американскиот лидер има намера „да го најави влегувањето на мировниот процес во Газа во втората фаза пред Божиќ и да претстави нова структура што ќе управува со енклавата“.
Очекувањата се дека Трамп ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху до крајот на декември, каде ќе се дефинираат клучните чекори од новата иницијатива.
Планот исто така предвидува нова политичка структура наречена „Мировен совет“ што ќе вклучува десетина западни и арапски лидери и ќе биде надгледувана од извршен комитет.
Во него, како што наведува Аксиос, треба да седнат поранешниот британски премиер Тони Блер, специјалниот претставник на американскиот претседател Стивен Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Клучниот дел од првата фаза – ослободувањето на сите киднапирани од Хамас и враќањето на телата на починатите заложници – е речиси завршен. Со тоа, според американските официјални лица, се отвора патот за дипломатска реконструкција на Газа и постепено воспоставување на цивилна администрација под меѓународен надзор.
– Ова е момент на премин од воен одговор кон политички процес – изјави неименуван извор за Аксиос.