МИРОТ ВО УКРАИНА ЗАВИСИ ОД ТРАМП И ОД ПУТИН Средба на двајцата лидери е единствена шанса за прекин на огнот, посочи Рубио

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека засега нема утврдено датум или локација за средбата на двајцата лидери, Доналд Трамп и Владимир Путин, но оцени дека тоа е единствената реална можност за прекин на огнот.

252

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, синоќа изјави дека договорот за прекин на огнот меѓу Украина и Русија може да се постигне само преку директни разговори меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, јави ДПА.

Зборувајќи пред планираните денешни разговори меѓу украинската и руската делегација во Турција, Рубио изјави за „Фокс њуз“ дека единствениот начин да се постигне пробив е Трамп и Путин да седнат на маса еден спроти друг.






– Се уште не го знам датумот или местото на таа средба, но тоа е навистина единствената шанса во овој момент – рече тој.

И претседателот Трамп претходно вчера даде слична забелешка, сугерирајќи дека можеби ќе отпатува во Турција во краток рок доколку разговорите го оправдаат тоа.

– Ако се случи нешто, би отишол в петок доколку е соодветно – рече тој.

Се очекува Русија денеска да ги започне разговорите со украинска делегација за евентуално завршување на нејзината инвазија.

Главниот преговарач на Москва, Владимир Медински денеска изјави за руските медиуми дека неговата делегација ја очекува на разговори украинската страна во 10 часот по истанбулско време.

Поврзани содржини