МИРОТ ВО БОСНА НЕМА ВРСКА СО УКРАИНА Опасни по земјата се силите што направија криза во Југославија

Свртувањето на една страна, на една политика, на ниту еден начин нема да ѝ помогне на Босна и Херцеговина, изјави претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

148

Кризата во Украина на ниту еден начин нема да биде пренесена во Босна и Херцеговина, доколку не ја пренесат оние, кои ја создадоа кризата и во поранешна Југославија во деведесеттите години, изјави претседателот на Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

Коментирајќи ги неодамнешните изјави на британската министерка за надворешни работи, околу „малигното влијание на Русија“ и повикот Босна и Херцеговина да ја поддржи Украина, Тегелтија додаде оти, за него, постапките на шефицата на британската дипломатија не се никакво изненадување.






– Свртувањето на една страна, на една политика, на ниту еден начин нема да ѝ помогне на Босна и Херцеговина – истакна Тегелтија.

Поврзани содржини