Мирослав Илиќ со шокантна изјава: За пристоен живот доволни ми се 3.000 евра месечно!

1,345

Српскиот фолк пејач Мирослав Илиќ за српските медиуми проговорил за кризата на естрадата во време на пандемијата со коронавирусот и со една своја изјава крена бура во јавноста.

Пејачот рече дека многу работел во својата кариера и многу заработил, но дека за неговите месечни потреби му се доволни 3.000 евра.






– Не сакам да се фалам со тие работи. Отсекогаш сум ги презирал приказните за авиони, камиони, јахти и слични работи. Нормално е да имате ако го сакате тоа, ако работите и заработите пари. Сметам дека никој не треба да влегува во туѓата имотна состојба. За сите овие години работев и заработив. Колку и да ни се дава, секогаш ни е малку. За моите потреби се доволни околу 3.000 евра месечно и да не мислиш на зима. Додека го платиш ова, го платиш тоа, го купуваш ова, го купуваш тоа, ти останува за пристоен живот – рекол Илиќ.

По неговата изјава, веднаш започнале да му се потсмеваат на Твитер.

 

 

Поврзани содржини