МИРКО ПОПОВ ЗА КАМПАЊАТА НА ШИЛЕГОВ Тој е прв кој почна да гради поголеми улици од другата страна на Вардар

Петре Шилегов е можеби првиот кој се навистина се занимава со градските прашања и ги решава градските проблеми, обичните проблеми на обичните граѓани. Тој е прв кој почна да ги поправа и да гради поголеми улици од другата страна на Вардар, што е многу важно за мене, бидејќи Скопје е и од двете страни на Вардар, и од двете страни треба да биде убав, добар и функционален град за граѓаните, посочи Попов.

1,232

Еден од најпознатите македонски автори, продуценти на електронска музика и културни работници, Мирко Попов, ја изрази својата поддршка за градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Во своето обраќање на митингот на Социјалдемократскиот сојуз, Попов се осврна на различните искуства со властите од позиција на алтернативен и прогресивен уметник, но и предводник на културните движења во земјата во својата кариера.






– Како професионалец, веќе 30 години сум дел од создавањето на оригиналната македонска современа култура. Господинот Шилегов е еден од ретките кои има слух, трпение и доблест да разговара со луѓето, односно културните работници кои се, за жал, дел од периферијата и маргините ова општество – рече тој, додавајќи дека и како граѓанин и како скопјанец, будно ја следи работата на градоначалниците на својот град.

– Петре Шилегов е можеби првиот кој се навистина се занимава со градските прашања и ги решава градските проблеми, обичните проблеми на обичните граѓани. Тој е прв кој почна да ги поправа и да гради поголеми улици од другата страна на Вардар, што е многу важно за мене, бидејќи Скопје е и од двете страни на Вардар, и од двете страни треба да биде убав, добар и функционален град за граѓаните – дополни Попов.

Поврзани содржини