МИРКО ЛАЗАРЕВСКИ ЌЕ СКИЈА СО ПОДДРШКА ОД КАСИНОС АВСТРИЈА Поддршка за скијачкиот клуб „Работнички“
Средствата од спонзорството ќе се искористат за подготовка и настап на Мирко Лазаревски на меѓународните натпреварување во сезоната 2024/2025.
Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да биде пријател на спортот. Под слоганот „Играј со најдобрите“, обезбеди спонзорство за скијачкиот клуб „Работнички“, а средствата ќе бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на македонскиот алпски скијач Мирко Лазаревски.
Мирко Лазаревски е најдобар македонски скијач во неговата возрасна категорија. Тој учествувал на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања.
Мирко очекува солиден настап на меѓународните натпреварувања во новата сезона. Поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија ќе му помогне во подготовките и настапот на натпреварите кои ќе следат.