📷 МИРИСА НА ПРЕДИЗБОРНА КОАЛИЦИЈА? Таравари со лидерите на албанската опозиција на кафе кај Курти во Приштина
Изет Меџити, еден од лидерите на ЕСП пред средбата изрази надеж дека во нивната коалиција пред изборите ќе се приклучи и партијата на Таравари, кој пак, не даде конкретен одговор.
Лидерите на Европскиот сојуз за промени (ЕСП), албанската опозициска коалиција, заедно со лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во Приштина оствариле средба со косовскиот премиер Албин Курти и со претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца.
„Во пријателска атмосфера разговаравме за политичките случувања во нашите земји, разговаравме и за нови можности за соработка во насока на унапредување на позицијата на Албанците во Република Северна Македонија и за заедничката европска перспектива“, напишаа лидерите на опозициската коалиција на Албанците.
Посетата на Приштина на Европскиот сојуз за промени во Приштина заедно со лидерот на Алијанса за Албанците е изненадување за политичката јавност.
Изет Меџити, еден од лидерите на ЕСП пред средбата изрази надеж дека во нивната коалиција пред изборите ќе се приклучи и партијата на Таравари, кој, пак, не даде конкретен одговор.
На средбата присуствувал и Беќим Ќоку, кој е советник на Курти, но е од Струга и порано бил член на ДПА и на Алијанса за Албанците. Ќоку е сега член на Самоопределување на Курти и токму тој е мостот за поврзување со опозициската коалиција.
Европскиот сојуз за промени претходно најави дека на нивните листи ќе има и имиња од Самоопределување, наведувајќи дека ќе се работи за лица со македонско државјанство, имајќи предвид дека Изборниот законик забранува учество на странски партии.