МИРЕН ВТОР КРУГ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ Излезноста до 18:30 часот е 45,7%, најмногу гласале во Росоман, најмалку во Сарај и Чаир
325.691 граѓанин гласал во вториот круг од локалните избори – излезноста 45,71% на ниво на држава
Според официјалните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), до затворањето на гласачките места во вториот круг од локалните избори 2025 година, своето право на глас го искористиле 325.691 гласач, што претставува 45,71 проценти излезност на државно ниво.
Претседателот на ДИК, Борис Кондрако, истакна дека гласањето во најголем дел поминало мирно и без поголеми инциденти, а резултатите од вториот круг ќе бидат објавени по завршувањето на пребројувањето на гласовите.
Излезност по општини до 18:30 часот: Росоман 77.51%, Лозово 75.6%, Дојран 72.78%, Демир Капија 72.64%, Конче 70.93%, Пробиштип 70.59%, Ранковце 69.34%, Крушево 68.6%, Валандово 63.6%, Чешиново-Облешево 62.5%, Дебарца 60.56%, Чучер-Сандево 59.19%, Долнени 55.61%, Неготино 55.07%, Македонска Каменица 55.03%, Зрновци 54.07%, Македонски Брод 54.05%, Брвеница 53.21%, Могила 52.82%, Кичево 51.34%, Карпош 48.09%, Виница 47.19%, Центар 46.14%, Студеничани 46%, Тетово 44.35%, Аеродром 42.72%, Дебар 41.21%, Кисела Вода 40.95%, Кочани 40.44%, Струга 40.14%, Боговиње 39.29%, Ѓорче Петров 35.5%, Куманово 33.43%, Гази Баба 30.98%, Шуто Оризари 30.75%, Бутел 26.98%, Чаир 13.71%, Сарај 11.45%.
– Во Град Скопје, каде се гласа во десет општини, од вкупно 474.304 запишани гласачи, на гласање излегле 160.131 гласач, што претставува 33,82% излезност – рече претседателот на ДИК.
– Излезноста се движи во очекувани рамки и изборниот ден помина во фер и демократска атмосфера. Конечните податоци за излезноста до 19 часот ќе бидат објавени по 23 часот, кога се очекува да бидат познати и првичните резултати по општини – изјави Кондрако.