МИРЕН ПРОТЕСТ ВО БИТОЛА Се бара слобода за Тони Ѓоргиевски-Фердо

Тони Ѓоргиевски-Фердо е притворен по неодамнешното убиство над Стојанче Соколов(44), кое според учесниците на протестот е извршено со цел да се заштити семејството на Ѓоргиевски. Пред да се случи убиството, истакна Јове Ѓоргиевски, син на притворениот Тони Ѓоргиевски, Стојанче Соколов ѝ се заканувал на неговата сестра, која заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.

350

Група битолчани со мирен протест пред Основниот Суд во Битола побараа да биде ослободен од притвор Тони Ѓоргиевски-Фердо, за кого е поведена истрага заради убиство на Стојанче Соколов (44) исто така од Битола.

Осомничениот Тони Ѓоргиевски-Фердо е притворен по неодамнешното убиство над Соколов, кое според учесниците на протестот е извршено со цел да се заштити семејството на Ѓоргиевски.






Починатиот Стојанче Соколов е познат на полицијата како прекршител на закони, а 20 години ги малтретирал семејство Ѓоргиевски. Пред да се случи убиството, истакна Јове Ѓоргиевски, син на притворениот Тони Ѓоргиевски, ѝ се заканувал на неговата сестра, која заедно со двете деца утрото побегнала кај својот татко.

Учесниците на протестот побараа институциите да му дозволат на Тони Ѓоргиевски да се брани од слобода.

Поврзани содржини