📽️ МИОВСКИ КОНЕЧНО СТРЕЛЕЦ ЗА ЏИРОНА Македонецот постигна два гола за четири минути
Миовски ги реши сите дилеми на гостувањето на неговиот тим кај нисколигашот Екстремадура, откако за само четири минути во второто полувреме постигна два гола.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски одигра одличен натпревар во Купот на Шпанија, постигнувајќи два гола во победата на Џирона од 4-0 против Екстрамадура на гостински терен.
Миовски беше стартер и апсолутно ја оправда довербата.
Џирона поведе во 12 минута преку Брајан Хил, а потоа Миовски ја презеде голгетерската улога.
Нашиот репрезентативец постигна гол во 58 минута за водство од 2-0, а само четири минути подоцна повторно се запиша во листата на стрелците.
Мартинез беше стрелец на последниот гол за Џирона.