МИОА го осуди говорот на омраза кон новинарката Милевска

 Цврсто се залагаме за слобода на говор, но секоја злоупотреба во правец на ограничување на слободата на другиот мора соодветно да биде санкциониранa, стои во соопштението од МИОА.

322

Министерството за информатичко општество и администрација се приклучува кон осудата на нападите и говорот на омраза, искажани врз новинарката Тања Милевска.

Како што соопштија оттаму, МИОА ги осудува нападите со говор на омраза и врз кој било друг новинар и граѓанин.






„Социјалните медиуми не смеат да бидат користени како алатка за ширење на говор на омраза, закана и притисоци кон секој кој има различно мислење или став. Цврсто се залагаме за слобода на говор, но секоја злоупотреба во правец на ограничување на слободата на другиот мора соодветно да биде санкциониранa“, стои во соопштението од МИОА.

 

Поврзани содржини