МИНУТИ БИЛЕ ВО ПРАШАЊЕ ЗА ДА СЕ СЛУЧИ ЕКСПЛОЗИЈА 33-годишен тетовец е пациентот кој запалил цигара на Клиника, изгорени му се градите и лицето
Доколку не бил изгаснат системот, пожарот можел да се рашири преку кислородот низ металните цевки кои би се загреале и би предизвикале експлозија.
33-годишен тетовец е пушачот кој вечерва можел да ја керне Клиниката за пулмологија воздух откако ја извадил маската за кислородна поддршка и запалил цигара, дознава Телма.
Според информациите на телевизијата, веднаш откако ја запалил цигарата, почнал да гори кислородот од маската и пожарот на пациентот му нанел изгореници по лицето и градите.
Во собата имало уште неколку пациенти исто така на кислородна поддршка. Дежурниот тим брзо дознал за пожарот и веднаш го исклучил централниот кислороден систем.
Доколку не бил изгаснат системот, пожарот можел да се рашири преку кислородот низ металните цевки кои би се загреале и би предизвикале експлозија.
Освен пациентот пушач никој друг не е повреден. Пациентот пушач бил на кислородна поддршка како терапија за хронична болест. На клиниката за Пулмологија нема пациенти кои се болни од ковид 19.