Минута по полноќ е родено машко бебе
Бебето е тешко 3 килограми и 650 грама и долго 51 сантиметар. Мајка е Бојана Миланова од Скопје и ова е нејзино второ дете.
Првото бебе родено во 2021 година е машко, родено една минута по полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.
Бебето е тешко 3 килограми и 650 грама и долго 51 сантиметар. Мајка е триест и пет годишната Бојана Миланова од Скопје и ова е нејзино второ дете.
Само неколку секунди подоцна, на свет дојде уште едно машко бебе. Триесет и три годишната Габриела Ѓошевска го роди своето прво бебе тешко 3350 грама, 51 сантиметар долго. Министерот Филипче им посака здравје, среќа, многу љубов и безгрижно детство на новородените бебиња.
Министерството за труд и социјална политика на мајката на првото бебе и подари златник, а Град Скопје штедна книшка. Второто бебе исто така доби златник и штедна кништа. Во 2 часот по полноќ се роди женско бебе и подароци од Град Скопје и МТСП ќе има и за него.