Министрите на ЕУ в петок ќе му врзат машна на Лукашенко?

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ја осуди „несоодветната употреба на сила“ од страна на белоруската полиција и најави мерки на ЕУ, без да наведе какви.

454

Министерска средба на шефовите на дипломатии на ЕУ за санкциите против Белорусија е закажана за в петок, по спорните избори во неделата и насилното задушување на демонстрациите организирани по тој повод.

Откако Александар Лукашенко прогласи победа, избувнаа три дена немири во кои се судрија демонстранти и полиција, а еден демонстрант го загуби животот во полициската интервенција.






Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, ја осуди „несоодветната употреба на сила“ од страна на белоруската полиција и најави мерки на ЕУ, без да наведе какви.

Поврзани содржини