Министерството за здравство ќе набави брзи антигени тестови без јавен оглас

301

Владата го задолжи Министерството за здравство да спроведе постапка за јавна набавка на брзи антигени тестови за потребите на јавните здравствени установи со спроведување на постапка на преговарање без објавување оглас согласно членот 55 став (1) точка 6) од Законот за јавните набавки, според кој оваа постапка може да се спроведе „доколку поради крајна итност, предизвикана како резултат на настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди, роковите за другите постапки не може да се применат“, соопшти Владата.

– Со цел обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус, Владата донесе заклучок да се достави барање до Министерството за одбрана да дозволи дополнително распоредување на медицински лица од редовите на ова министерство за потребите на јавните здравствени установи во државата, соопшти Владата.






Врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести, на денешната седница на Владата се усвоени измените и дополнувањата на Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со телата на починати лица од ковид-19.

Поврзани содржини