МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЈА ДЕМАНТИРА СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА Биле утврдени неправилности и не се исправиле

Министерот за здравство одлучи времено да ги преземе надлежностите за лиценцирање, сè додека не се воспостави систем кој ќе работи законито, транспарентно и професионално.

566

Во врска со денешната прес конференција на Стоматолошката комора, Министерството за здравство уште еднаш потенцира дека одлуката е донесена врз основа на факти, аргументи и инклузивност во процесот на сите релевантни чинители. Одлуката е резултат на подолготрајна и сеопфатна анализа од повеќе стручни лица.

„Потсетуваме дека на овој процес претходеше времена мерка изречена од Уставен суд, а потоа и конечна одлука од истата институција со која се запира извршувањето на поединечните акти и дејствија, а дополнително покрај времената мерка Комората продолжила со континуираната едукација. Паралелно, во прилог на оваа одлука е и извештајот од Државната комисија за спречување на корупција.






Министерството за здравство за оваа цел имаше формирано две комисии за надзор над законитоста на работата на комората и во двата случаи се констатирани неправилности на кои е укажано со законски рок за отстранување на истите, но во законските рокови не е постапено од страна на Стоматолошката комора.

Потенцираме дека по извршениот надзор на првата комисија, формирана во 2024 година воопшто не е постапено по препораките, односно во целост се неточни тврдењата дека комисиите ‘немаат утврдени неправилности во кој било сегмент од работењето во Комората’, додека втората комисија веќе дава јасни насоки до Министерството за утврдените неправилности, недостатоци и предлог за дејствија што треба да се преземат“, се наведува во реакцијата од Министерството за здравство.

Врз основа на утврдената фактичка состојба, по разгледување на содржината на извештаите и доставената документација, како и одлуката од Уставен суд од 15.05.2024, министерот одлучи времено да ги преземе надлежностите за лиценцирање, сè додека не се воспостави систем кој ќе работи законито, транспарентно и професионално.

 

СТОМАТОЛОШКАТА КОМОРА Е СПРЕМНА НА ПОСЛЕДИЦИТЕ, АКО ЗГРЕШИЛА Многу нејаснотии за тоа што се правело со лиценците на стоматолозите

Поврзани содржини