Министерството за правда има 40 дена да поднесе барање за екстрадација на Спасов

Правда информира дека ги подготвува документите за екстрадиција на Спасов кој е уапсен вчера околу 15 часот во населбата „Младост“ во Софија.

311

Министерството за правда во тек на наредните денови ќе ја комплетира потребната документација за поднесување барање за екстрадација на Игор Спасов, осудениот поранешен припадник на специјалните едници на МВР за убиство на Мартин Нешковски, кој вчера беше уапсен во Бугарија.

– Ако лицето е во притвор државата има рок од 40 дена за поднесување барање за екстрадација, но веруваме дека во следните денови ќе ги прибираме потребните документи и до бугарските власти ќе поднесеме барања за екстрација на лицето Игор Спасов – велат од Министерството за правда.






Според извештајите на бугарските медиуми Спасов бил уапсен вчера околу 15 часот во населбата „Младост“ во Софија.

Убиството се случи во 2011 година на градскиот плоштад во Скопје, во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата на предвремените парламентарни избори. Тоа време осудениот Спасов, како дел на обезбедувањето, младиот Мартин Нешковски го претрпа до смрт.

Поврзани содржини