МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА ПОДАДЕ РАКА Ќе го преземеме функционирањето на Мал Битолски Монмартр

По објавата на „Апелот за спас на Малиот Битолски Монмартр“ на социјалните мрежи, во кој се вели дека Министерството за образование и наука ги укинува средствата наменети за оваа институција, општина Битола и Советот на општината,  застануват зад делото на Коста Хаџиантоновски, творецот на најголемата и најзначајна детска ликовна колонија кај нас и во светот, која 41 година е македонски бренд во светот.

138
Министерството за култура соопшти дека подава рака и дека го презема функционирањето  на Мал Битолски Монмартр.
Ова следува откако беше објавен апел за спас на Мал Битолски Монмартр на социјалните медиуми, откако Министерството за образование одлучи дека по 40 години финансиските средствата ги стопира за Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола, а со тоа култниот светски бренд „Мал Битолски Монмартр”.
„И понатаму ќе течат нивните активности така што учениците од 5 до 20 годишна возраст кои бесплатно ликовно ќе продолжат да се едуцирааат и го развиваат својот талент во нашите простории но и низ детските ликовни колонии од Хонг Конг па до Португалија“, велат од Министерството за култура.
Изминатите шест месеци нивните ученици зедоа учество на 10 светски детски ликовни конкурси и пет светски детски ликовни колонии кои освоиле над 85 награди.

По објавата на „Апелот за спас на Малиот Битолски Монмартр“ на социјалните мрежи, во кој се вели дека Министерството за образование и наука ги укинува средствата наменети за оваа институција, општина Битола и Советот на општината,  застануват зад делото на Коста Хаџиантоновски, творецот на најголемата и најзначајна детска ликовна колонија кај нас и во светот, која 41 година е македонски бренд во светот.

Со ребалансот на буџетот, до крајот на оваа година, ќе бидат одвоени средства за исплата на плата на едно лице (технички секретар) и трошоците за струја, со што ќе продолжи функционалноста на оваа институција.






Поврзани содржини