МИНИСТЕРСТВОТО СО АПЕЛ ДО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Од здравство предупредуваат третманите да се вршат кај специјализирани лица

Несоодветниот третман може да предизвика дополнителни компликации, а воедно е и казнив според Законот за здравствена заштита“, изјавија од Министерството.

351

Министерството за здравство апелира до повредените од пожарот во Кочани да се обратат исклучиво кај професионални и специјализирани лекари во рамки на здравствениот систем, бидејќи несоодветната физиотерапија може да доведе до сериозни последици по нивното здравје.

„Медицинската рехабилитација, особено кај пациенти со тешки изгореници и сериозни повреди, е строго регулирана здравствена дејност што може да ја извршуваат само здравствени установи и специјализиран медицински кадар. Несоодветниот третман може да предизвика дополнителни компликации, а воедно е и казнив според Законот за здравствена заштита“, изјавија од Министерството.






Оттаму нагласуваат дека здравствениот систем располага со доволно капацитети и стручен медицински персонал, кој е подготвен да обезбеди итна медицинска нега, рехабилитација и долгорочна физиотерапија.

„Наш приоритет е целосна и квалитетна здравствена грижа за сите повредени. Ги повикуваме сите институции и медицински професионалци на координирана и стручна работа за да се обезбеди најдобрата можна заштита“, додаваат од Министерството.

Поврзани содржини