МИНИСТЕРСТВОТО СЕ ИЗВИНИ ЗА „НЕНАМЕРНИОТ“ ПРОПУСТ Ќе обезбедиме еднаков пристап за новинарите
Ја разбираме реакцијата на медиумските работиници и уште еднаш упатуваме извинување за ненамерниот пропуст, велат од Министерството за транспорт и врски.
Министерството за транспорт и врски им се извини на новинарите и на медиумиските работници за, како што велат, „ненамерниот пропуст со кој беше ограничено движењето на присутните медиуми“. Од Министерството велат и дека тие обезбедиле пристап на платформата според меѓународните безбедносни протоколи.
Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение во целост:
„Почитувани,
Во однос на реакцијата на присутните медиуми за ограничениот пристап на аеродромскта платформа, а по повод слетување на авионот од Софија на Меѓународниот аеродром Скопје, упатуваме искрено извинување поради ненамерниот пропуст со кој беше ограничено движењето на присутните медиуми за нормално одвивање на медиумската работа.
Како и досега, во иднина Министерството за транспорт и врски ќе обезбеди еднаков пристап на сите медиумски работници за извршување на нивните работни задачи.
Министерство за транспорт и врски, како организатор на настанот обезбеди пристап на платформата според меѓународни безбедносни протоколи со ограничено движење.
Ја разбираме реакцијата на медиумските работиници и уште еднаш упатуваме извинување за ненамерниот пропуст.“