МИНИСТЕРСТВОТО ГО ОСУДИ НАПАДОТ ВРЗ КОЛЕГАТА Докторот прострелан во Куманово е во стабилна состојба

Од здравствените власти остро го осудија нападот и испратија порака дека насилството врз здравствените работници е апсолутно неприфатливо.

1,133

Министерството за здравство со вознемиреност ја прими веста за вооружениот напад во Куманово, при кој беше повреден нивниот колега, доктор Зекирија Шаини. Од институцијата информираат дека повредите не се животно-загрозувачки и дека лекарот е во стабилна состојба и се опоравува.

„Ќе обезбедиме целосна поддршка за докторот додека трае неговото опоравување и рехабилитација“, соопштија од Министерството.






Од здравствените власти остро го осудија нападот и испратија порака дека насилството врз здравствените работници е апсолутно неприфатливо.

„Категорично осудуваме било какво насилство против здравствените работници. Нивната безбедност е наш приоритет и ќе работиме на унапредување на мерките за заштита преку соработка со здравствените установи и локалните власти“, порачааод Министерството.

Од таму додаваат дека ќе има интензивна координација со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово, со цел целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста.

„Апелираме на воздржаност, почитување на приватноста и солидарност кон повредениот и неговото семејство“, стои во соопштението.

Министерството најави дека ќе ја следи состојбата на доктор Шаини и ќе ја известува јавноста за сите значајни промени во неговото здравствено состојание.

НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА ПОЛИТИЧКИ МОТИВИ ЗА СТРЕЛАЊЕТО ВРЗ КАНДИДАТОТ ЗА СОВЕТНИК Внимателно се истражува инцидентот во Куманово

ДУИ И ВРЕДИ ВО СУДИР ПО ПУКАЊЕТО ВО КУМАНОВО Двете партии со остри, но различни пораки

📽️ ЧЕТИРИ КУРШУМИ ВО ТЕЛОТО НА КАНДИДАТОТ Повредениот од пукањето е пренесен во Скопје и е надвор од животна опасност

Поврзани содржини