МИНИСТЕРСТВОТО ЌЕ ГИ ИСТРАЖИ ДЕТАЛИТЕ ЗА СЛУЧАЈОТ СО ДЕЛЕВСКА Не остануваме со скрстени раце и навреме ќе информираме
Тупанчевски додаде дека и во рамките на МВР е покрената постапка за утврдување на околностите под кои била повикана новинарката.
Министерството за правда формираше дисциплинска комисија која ќе ги истражи сите детали за случајот кога новинарката, Соња Делевска од порталот СДК, беше повикана на информативен разговор во полиција од страна на вооружени полицајци, заради објавен новинарски текст, по поплака на раководителка на одделение во Министерството за правда, потврди во вечерашната Топ Тема на Телма, министерот Никола Тупанчевски.
– Дисциплинката комисија ќе ги истражи сите детали за случајот. Не остануваме со скрстени раце и навреме ќе ја информираме јавноста – изјави Тупанчевски.
Тој додаде дека и во рамките на МВР е покрената постапка за утврдување на околностите под кои била повикана новинарката.
Сефер Селими од „Democracy Lab“ оцени дека најмалку што треба да се случи е и јавното обвинителство да се вклучи во целиот случај и да ги истражи наводите за корупцијата.
Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања изјави дека се надева дека барем од Правда ќе има јасна развршница со цел да се докаже дека никој не смее да ја загрози слободата на говор.