Министерство за транспорт и врски: Оттуѓувањето на земјиштето кај „Холидеј Ин“ е извршено според законската регулатива

Во однос на тоа  што се предвидува да се гради на конкретната парцела, не одлучува Министерството за транспорт и врски, туку одлучува општина Центар и граѓаните на Општина Центар, наведено е во соопштението.

483

Според член 68 од Законот за градежно земјиште, градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија се оттуѓува со непосредна спогодба за оформување на градежна парцела предвидена со урбанистички план или урбанистичка планска документација доколку лицето има во сопственост повеќе од 30% од градежната парцела, наведено е во соопштението на Министерството за транспорт и врски, а во врска со оттуѓувањето на државното земјиште на парцелата наспроти хотелот „Холидеј Ин“.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:






„Според членот 65 став (2) од Законот, отуѓувањето на градежното земјиште сопственост на Република Северна Македонија со непосредна спогодба се врши по поднесено барање од физичко или правно лице.

Во конкретниот случај, постапката за отуѓување на државното земјиште, Министерството за транспорт и врски ја изврши според позитивната законска регулатива.

Сакаме да потенцираме, пред отуѓување на државното земјиште, Министерството за транспорт и врски изготви Решение за отуѓување и таквото Решение го достави до Државното правобранителство.

Во конкретниот случај, Државното правобранителство даде позитивно мислење за отуѓување на конкретната градежна парцела, што значи дека за отуѓување на конкретната парцела се исполнети сите услови од Законот за градежно земјиште и плус позитивното мислење од Државното правобранителство дека конкретната парцела може да се отуѓи.

Со тоа, ги отфрламе сите обиди со кои се дава сомнеж на постапката за отуѓување на градежната парцела.

Во однос на тоа  што се предвидува да се гради на конкретната парцела, не одлучува Министерството за транспорт и врски, туку одлучува општина Центар и граѓаните на Општина Центар“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини