Министерство за правда: Набавката чини 60.000 денари, направена е грешка при објавата на сумата

Министерството појаснува дека кафематот за кој се пишува дека чини над милион евра е добиен од истата фирма на користење без надомест, односно Министерството нема трошоци за него и ќе биде вратен по истекот на договорот.

370

Министерството за правда ги демантира информациите дека набавило кафемат во вредност од над еден милион евра.

„Станува збор за грешка на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, кое по реакција на Министерството е коригирана. Министерството за правда има склучено договор со фирмата „Медикал маркетинг“ ДООЕЛ за годишна набавка на кафе во вредност до 60.000 денари (без ДДВ) . Кафематот за кој се пишува дека чини над милион евра е добиен од истата фирма на користење без надомест, односно Министерството нема трошоци за него и ќе биде вратен по истекот на договорот. Вредноста не мора да биде искористена во целост доколку вредноста на доставеното кафе е помала од истата, односно колку ќе се потроши толку ќе се плати за една година, при тоа да не се надмине износот од договорот“, стои во реакцијата на Министерството за правда.

 

Поврзани содржини