Министерство за финансии: Нема промени во постапката за признавање квалификација за сметководител од странство
Со тековните одредби физичко лице кое има професионална квалификација за сметководител или овластен сметководител од странство и сега може да се стекне со уверение за сметководител, односно овластен сметководител по претходно полагање на испити според Програмата која ја утврдува Институтот на сметководители и овластени сметководители согласно закон.
Предложените измени на Законот за вршење на сметководствени услуги не прави никакви промени на тековниот пазар на сметководствани услуги во земјава, туку само се допрецизира тековното решение во однос на професионалната квалификација стекната во странство, реагира Министерството за финансии на кажаното на прес-конференцијата на комората на сметководители.
„Со тековните одредби физичко лице кое има професионална квалификација за сметководител или овластен сметководител од странство и сега може да се стекне со уверение за сметководител, односно овластен сметководител по претходно полагање на испити според Програмата која ја утврдува Институтот на сметководители и овластени сметководители согласно закон “, се вели во реакцијата.
Од Министерството за финансии додаваат дека со предложените измените се допрецизира дека законската постапката се однесува на секое лице кое има професионална квалификација стекната во странство а сака да се стекне со уверение за сметководител или уверение за сметководител издадено од Институтот.
„ Не се менува досегашниот концепт за постапката за признавање на квалификација стекната во странство.Пристапот на нашиот национален пазар на сметководствени услуги на даватели на сметководствени услуги од европскиот економски простор, ќе се случи по пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија, односно кога севкупниот наш пазар ќе стане дел од единствениот европски внатрешен пазар“ се вели во реакцијата.
Според Министерството за финансии, предвидено е изготвување на нов Закон за сметководствени услуги, кој како и сите останати законски решенија ќе се носи преку инклузивен процес и на транспарентен начин.