МИНИСТЕРСТВА, ПРЕТПРИЈАТИЈА И ОПШТИНИ НЕ ШТЕДЕЛЕ СТРУЈА Вкупната заштеда е 20 отсто

Меѓу оние кои не штеделе се министерствата за локална самоуправа, одбрана и надворешни работи како и општините Арачиново, Гостивар и Свети Николе.

299

Вкупно 20 отсто струја заштедиле  најголемиот дел од иституциите во земјава, по примената на мерката за штетдење од 15 отсто во однос на претходната година. Во дел од институциите заштедата надминала и  25, но има институции кои ја зголемиле потрошувачката на струја.

Според министерот за економија Крешник Бектеши  6 државни  институции не заштедиле 15 отсто колку што е цензусот.






-Единствено административната зграда на Министерството за локална самоуправа има зголемена потрошувачка на струја. Министер за здравство заштедило само 2 отсто, за надворешни работи 8 отсто, колку што заштедило и министерството за одбрана- рече Бектеши..

Затедата кај 17 државни претпријатија во септември изнесува само 8 отсто. Поголема потрошувачка на струја имаат две претпријатија.

– Од овие субјекти, девет оствариле заштеди од минимум 15 отсто, пет оствариле заштеди помалку од 15 отсто, а два субјекта имаат поголема потрошувачка на електрична енергија – едниот за 10 отсто, додека другиот за над 50 проценти. Субјектот кај кој се забележува поголема потрошувачка на електрична енергија е ЈП Водостопанство – Македонија -рече Бектеши.

Бектеши рече дека 111 институции не потпишале договор со снабдувач и се на снабдувач во краен случај.Такви се основните училишта, министерства и здравствени инситуции.

Општините заштедиле 29 отсто струја. 25 отсто не постигнале заштеда од 15 отсто. Најмногу отстапуваат од цензусот за заштеда на енергија општините Арачиново , Гостивар и Свети Николе.

Бектеши апелираше институциите да штедат енергија и најави дека ќе има казни за оние раководители во институциите каде нема заштеди на струја.

Поврзани содржини